Нашето претпријатие  е основано во 1987 год. со  основна  дејност изработка на проектно техничка документација, вршење стручен надзор и консултативни услуги од областа на термотехничките инсталации.
Во 1990 год. претпријатието  се трансформира во претпријатие со целосна одговорност, ангажира  повеќе дипломирани инженери од областа на: термотехниката, хидроинсталациите, електротехниката и архитектурата.и  ја проширува дејноста на работење.


Со нашата работа се опфатени следните дејности:

А.    ИНЖИНЕРСКО ТЕХНИЧКИ РАБОТИ

1. ТЕРМОТЕХНИКА

Проектирање, монтажа, инженеринг и консултативни услуги

1.1 ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА
- станбени објекти
- комерцијални и јавни објекти
- индустриски објекти

1.2 КОТЛАРНИЦИ
-  за централно греење
-  за производство на технолошка пара за индустриски објекти

1.3 РАЗВОД НА ТЕХНОЛОШКИ ФЛУИДИ
-  развод на технолошка пара, компримиран воздух и останати технички флуиди за индустриски објекти,
-  складирање и развод на ТНГ – течен нафтен гас
- компресорски станици
- пумпни станици и др.

2. ЛАДИЛНА ТЕХНИКА   
- ладилници за овошје и зеленчук,
- ладилници за месо,
- линии за длабоко смрзнување,
- линии за производство на сладолед, еурокрем и сл.
- разладни процеси во технологијата на производство на вино и прехрамбената индустрија

3. ХИДРОИНСТАЛАЦИИ

Проектирање, монтажа, инженеринг на:

- инсталации за водовод и канализација на станбени згради и јавни објекти,
- снабдување со вода на помали градови и населби,
- филтрација и припрема на вода за градски водовод,
- пречистување на отпадни води за помали градови и населби,
- пречистување на отпадни води од индустриски објекти, хотели и сл

 4. ЕЛЕКТРОИНСТАЛАЦИИ

Проектирање, монтажа, инженеринг на:

- инсталации за осветлување на станбени и јавни објекти,
- сите видови на електрични инсталации за фабрички хали
- трафостаници и др.





Б.    КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ

Производство и промет на  опрема и матерјали за изведување на инсталациите за  централно греење, вентилација, климатизација, водовод и канализација, електричните инсталации и др.
Изработка и  развој на  производи кои се применуваат во областа на термотехника.


Нашето претпријатие континуирано ги прати и применува новите достигнувања во својата област, преку посета на саеми, семинари и разни видови на обуки за усовршување на знаењето на техничките лица кои се дел од нашиот тим задолжен за  реализација на бројни  проекти.

Искуството на нашите инжинери, технички лица и мајстори, ја прават нашата фирма една од водечките  во областите во кои реализира бројни успешни проекти, кои се показател за нашата професионалност, нашиот квалитет и одговорност.
Нашето искуство и стручност се подлога на која Вашите потреби успешно ги реализираме во рационален, економичен  и функционален систем.